Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во државава заклучно со вториот квартал годинава изнесува 1.919.695, од кои од резиденцијалните 679.245 се при-пеид претплатници, а 992.157 пост-пеид.
Бројот на деловни пост-пеид претплатници изнесува 248.293. Реализирани се 1.409.062.356 минути разговор.
Податоците од Извештајот на Агенцијата за електронски комуникаци покажуваат дека со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) во вториот квартал годинава биле 1.549.967 претплатници.
Во вкупниот број претплатици, А1 Македонија има удел од 47,9 проценти, Македонски Телеком 46,57 проценти, Лајкамобајл 3,05 проценти, Телекабел 1,29 проценти МТЕЛ 1,08 проценти, Греен мобиле 0,11 проценти.
Во приходите од обезбедување на мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во вториот квартал од 2024 година Македонски Телеком има удел од 49,96 проценти, А1 Македонија, 46,93 проценти, МТЕЛ 1,39 проценти, Телекабел, 0,88 проценти, Лајкамобајл, 0,71 прценти, Греен мобиле 0,13 проценти.
Вкупниот број на фиксни линии изнесува 449.868, а остварени се 16.943.729 минути телефонски сообраќај.